Демонстрација на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над С. Македонија

од Vladimir Zorba

На 9 декември (четврток) на Аеродромот Скопје и во воздушниот простор над главниот град ќе биде организирана активност со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија, соопштија од Владата.

За време на планираната активност граѓаните ќе можат да се запознаат и да посведочат на начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.

На активноста ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и други високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Со овој настан, ќе се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.

Слични содржини