Денеска и утре температури над 40 степени

од Vladimir Zorba

Топол бран со температури и над 40 степени ќе ја зафати земјава денеска и утре. На целата територија на државата ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи. Иако кај нас е застапена умерено-континентална и субмедитеранска клима, според синоптичарите, временските прилики кои ги имаме ова лето – високи температури и врнежи, наликуваат на тропски климатски услови.

Тропската клима се карактеризира со високи температури кои достигнуваат до 40 степени Целзиусови. Врне секој ден, претежно во попладневните часови, а честопати има и невреме. Денот во кој температурата на воздухот е повисока од 30 Целзиусови степени е тропски ден. Тоа е карактеристично за подрачја со тропска и суптропска клима, но во текот на летото вакви денови бележат и региони со умерено-континентална клима.

Во случај температурата на воздухот да остане или да биде повисока од 25 степени во текот на ноќта, тогаш тоа е тропска ноќ, појаснуваат синоптичарите.

Слични содржини