Десетици Палестинци повредени во судирите со израелските војници на Западниот Брег

од Radmila Tasevska

Голем број луѓе се повредени во инцидентите меѓу израелските војници и Палестинците во Наблус, кој се наоѓа на северниот окупиран Западен брег, јавува Анадолија.

Според соопштението на палестинската Црвена полумесечина има бројни повредени од солзавец,испукан од израелски војници.

Еден од повредените е фоторепортер кој професионално ги следел настаните.

Во соопштението на Црвената Полумесечина се наведува дека на тој простор загинале 109 лица.

Инцидентите се случија откако двајца израелски доселеници беа убиени вчера во вооружен напад во Хувара, во северниот дел на земјата.

Слични содржини