Дескоска до Груевски: Дојди во мојот кабинет, ќе разговараме за прашањата на кои реагираш

од Vladimir Zorba

Министерката за правда Рената Дескоска реагираше на Фејсбук статусот на експремиерот и бегалец Никола Груевски и го покани да дојде во нејзиниот кабинет за да поразговараат за прашањата за кои реагира.

„Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде…“, напиша Дескоска.

Слични содржини