Детали од егзекуцијата на рускиот воен блогер: „Жена му дала експлозивна статуетка“

од Stefanija Kuzmanovska

Провоен руски воен блогер загина во експлозија во кафуле во Санкт Петербург, потврди руското министерство за внатрешни работи.

Владлен Татарски загина, а во експлозијата се повредени најмалку 30 лица. Нема потврда за тоа кој е одговорен за уништувањето во вториот по големина град во Русија.

На веб-страница од Санкт Петербург се наведува дека кафулето некогаш му припаѓало на Евгениј Пригожин, основач на приватната воена групација „Вагнер“.

Еден од руските највисоки функционери го впери прстот кон Украина без да наведе докази. Киев го отфрли тоа тврдење. Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател, го обвини рускиот домашен тероризам за експлозијата.

„Пајаците се проголтуваат меѓусебно во теглата“, додаде тој.

Руските медиуми и воените блогери откриваат дека Татарски бил излезен со пријателите и една жена му подарила статуетка која очигледно експлодирала. Сведокот откри дека жената која се претставила како Настја поставувала прашања и разменила реплики со Татарски, пишува Sky News.

Сведокот Алиса Смотрова ја цитираше изјавата на Настја дека направила биста на блогерот, но дека чуварите побарале од неа да ја остави на вратата, сомневајќи се дека може да биде бомба. Настија и Татарски се шегувале и се смееле, а потоа таа отишла до вратата, ја зела бистата и му ја дала на Татарски.

Бистата, наводно, тој ја ставил на блиската маса, по што следела експлозија. Луѓето почнале да бегаат во паника, некои повредени од скршено стакло и облеани во крв.

Доколку се потврди дека Татарски навистина бил намерно ликвидиран, тогаш тоа би било втор атентат на лица поврзани со војната во Украина на руска територија.

Да потсетиме, Дарја Дугина, ќерката на сојузникот на Владимир Путин, беше убиена во август минатата година откако експлодираше автомобилот во кој се возела.

Татарски беше меѓу стотиците учесници на раскошната церемонија во Кремљ во септември минатата година, на која беше објавена руската анексија на четири делумно окупирани региони на Украина.

„Ќе ги победиме сите, ќе ги убиеме сите, ќе ограбиме сè што ни треба. Сè ќе биде како што ние сакаме“, изјавил тој по тој повод.

Татарски, чие вистинско име е Максим Фомин, имаше повеќе од 560.000 следбеници на Телеграм и беше еден од најпознатите воени блогери, кој често даваше критички коментари за војната на Русија во Украина.

Слични содржини