Детектор анкета: При трошење на јавните пари политичарите се водат од лични и партиски интереси

од Stefanija Kuzmanovska

Осум од 10 граѓани се убедени дека кога политичарите купуваат со наши пари, не се водат од нашите, туку од личните интереси, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

80,4 отсто од анкетираните сметаат дека при трошењето на јавните пари политичарите се водат од личните и партиските интереси наспроти само 7 отсто кои сметаат дека при трошењето на јавните пари, политичарите се водат од интересот на граѓаните.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спровел Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1.115 испитаници во периодот од први до четврти февруари годинава.

Слични содржини