Детска песна е новото најгледано ВИДЕО на YouTube на сите времиња

од Vladimir Zorba

„Бебе ајкула“, крајно зависна детска песна снимена од јужнокорејската компанија „Пинкфонг“, стана најгледаното видео на сите времиња на YouTube со повеќе од седум милијарди прегледи.

Досега оваа песна е пуштена 7,4 милијарди пати и со тоа го надмина претходниот рекордер, песната „Деспасито“ од латинскиот пејач Луис Фонси.

Пресметките велат дека ако се пушта постојано без прекини, „Бебе ајкула“ постојано ќе се стримува 30.187 години.

Засега се чини дека „Пинкфонг“ има заработено околу 5,2 милиони долари само преку YouTube.

Според Би-Би-Си, интересно е што на „Бебе ајкула“ му беа потребни четири години да го достигне врвот на листата на најгледани видеа на Јутјуб, но песната е всушност многу постара.

Се верува дека потекнува од американските летни кампови во 1970-тите.
Приказната вели дека е измислена во 1975 година, кога филмот на Стивен Спилберг, „Jaws“, стана хит во киносалите ширум светот.

Постојат многу варијации на основната тема, вклучително и една верзија каде сурферот ја губи раката поради ајкула, како и друга во која умира главниот лик. Постојат и меѓународни верзии – Bebe Requin и германската Kleiner Hai (Мала ајкула), кои станаа помали хитови во Европа во 2007 година. Но, никој од нив не можеше да одговара на феноменалниот успех на верзијата на Пинкфонг, која ја отпеа десетгодишната корејско-американска пејачка Хоуп Сегоин и ја објави на Јутјуб во 2015 година.

Нејзините заразни „du du du du“ делови и потезите направија „партал“ во Јужна Кореја, каде популарните бендови како Red Velvet, Girls Generation и Blackpink започнаа да ја изведуваат на концертите.

Следниот јуни, Пинкфонг објави друго видео, „Бебе ајкула танц“, во кое две слатки деца изведуваат танц. Видеото беше инспирирано од хаштагот #BabySharkChallenge – а на забавата и се придружија сите, од индонезиски земјоделци до поп-sвездите Карди Би и Џош Гробан.

Песната е како дрога за деца, чиј апетит за повторување несомнено помогна да се рангира меѓу најгледаните видеа на ЈуТјуб.

„Детските рими отсекогаш биле бавни, многу слатки, нешто што би им помогнало на децата да заспијат – за разлика од „Бебе ајкула“, изјави директорот за маркетинг на Пинкфонг, Џејми Оу за Би-Би-Си во 2018 година.

„Песната е многу тренди и има многу весел ритам со забавни танцови потези. Анимацијата е многу живописна. Ние ја нарекуваме К-Поп за следната генерација“, додава тој.

Компанијата ја претвора песната во филм и мјузикл и се обидува да ја направи „Бебе ајкула“ уште една класика за музика за деца.

Слични содржини