Девојка и испратила порака на својата мајка од камионот на смртта: Умирам, се гушам! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Британската полиција го уапси брачниот пар Џоан и Томас Мара заради сомнение дека учествувале во шверцување на 39 Kинези кои се пронајдени мртви во ладилникот на камион во близина на Лондон.

Парот тврди дека камионот го продале на една фирма пред 13 месеци. Се уште не е познато дали се дел од криумчарска банда.

Објавено е дека жртвите се Кинези и меѓу нив има 8 жени и 31 маж.

Британските медиуми разговарале со три семејства од Виетнам кои се загрижени дека нивните најблиски биле во приколката на камионот.

Така семејството на една Виетнамка рекла дека таа им испратила порака во која пишувало дека се гуши и умира. Фам Тра Мај испратила порака на својата мајка во вторникот навечер по што веќе не се виделе. Тие признале дека платиле 30.000 фунти за да ја прошверцуваат девојката (26) во Британија.

https://www.youtube.com/watch?v=1_-maFkpaQU

Уште две семејства стравуваат дека нивните најблиски биле во ладилникот на камионот. Братот на една 19-годишна девојка рекол дека таа го повикала во вторник наутро и му рекла дека влегува во приколката. Од тогаш не се слушнале, но шверцерот им ги вратил парите.

Инаку возачот на камионот Мо Робинсон (25) се наоѓа во притвор, но постојат индиции дека тој не знаел што се наоѓа во камионот.

Слични содржини