Џафери за пратениците во скафандери: Караџовски доаѓаше во Собранието за да се увери дека постојат услови за протоколот

од Nikola Popovski

„Вчера пратениците кои се заразени со Ковид-19, беа донесени во посебни простории и според посебен протокол. Опозициските пратеници откако дознаа за тоа од медиумите, покажаа спремноср за учество на седниците. Двете седници не траеја подолго од еден час“, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, на прес-конференција, коментирајќи ја вчерашната седница во Парламентот, пред гласањето на Законот за петтиот пакет мерки.

Според него, протоколот за спроведување на позитивни пратеници во Собранието за гласање, бил започнат уште на 30.07.2020 година, а исто така и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски доаѓал во Собранието, за да се увери дека постојат услови за такво нешто.

„За спроведување на протоколот испратив писмо до Министерството за здравство на 17-ти ноември и добив потврден одговор следниот ден, со што вчера беше потврден, според кој вчера донесени пратениците“, појасни Џафери, наведувајќи дека сето тоа уште претходно било испратено до пратеничките групи во Собранието.

Тој исто така повтори дека двајцата позитивни пратеници немале контакт со никој друг во Собранието, односно после завршувањето на гласањето веднаш се вратиле со возилото за Брза помош, со кое биле донесени.

Слични содржини