Џака би можел да прејде во Милан во јануарскиот преоден рок

од Vladimir Zorba

Швајцарскиот интернационалец, Гранит Џака, кој од капитен се претвори во најголем непријател на Арсенал, најверојатно уште во јануарскиот преоден рок ќе мора да си замине од лондонскиот клуб.

Џака кој има 27 години, би сакал да се врати некаде поблиску до неговата Швајцарија, се шпекулираше дека за него се интересираат клубови од Германија, но Џака играше во Бундеслигата и бара нов предизвик.

Ситуацијата со Џака сака да ја искористи Милан, кој е во потрага по играч од средниот ред, а бидејќи привлекувањето на посакуваниот Лука Модриќ им е невозможна мисија, се вртат кон Џака.

Слични содржини