Џака покажа непочитување кон фановите на Арсенал (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Гранит Џака продолжува да лази по нервите на навивачите на Арсенал. Капитенот на „топџиите“ беше фатен во спор со навивачите на тимот додека го напушта теренот, на мечот против Кристал Палас.

Играчот од средниот ред беше заменет во 61. минута, а од трибините почнаа да се радуваат како домаќините да дале гол. Ова го налути Џака, а тој одговори со иронични гестови и непристојни забелешки, а потоа пркосно го соблече дресот и се скри во тунелот.

„Сакам да останам смирен, но тој навистина згреши. Не требаше да реагирам на тој начин. Ние ќе разговараме за тоа што се случи внаре во тимот“, прокоментира менаџерот Унаи Емери по натпреварот, без да објасни дали швајцарскиот репрезентативец ќе продолжи да ја носи капитенската лента.

Во моментов Арсенал се наоѓа на 5-то место во пласман со 16 бода – 4 помалку од четвртиот Челзи. Во следното коло „топџиите“ го пречекуваат Вулверхемптон.

Слични содржини