Џастин не е вљубен во сопругата Хејли

од desk4

Канадскиот миленик на тинејџерките и девојките ширум светот, музичарот Џастин Бибер, повторно го кажа судбоносното „Да“ со својата сопруга Хејли Бибер, пред семејството и пријателите, на раскошна венчавка која се одржа во Јужна Калифорнија, но не е сè така романтично како што изгледа.

Во едно видео објавено на Инстаграм, Хејли нежно го заведува со бакнежи, а тој ја оттурнува со зборовите: „Тргни се од мене, сега сме во брак. Ова е брак без љубов!“. На сето тоа низ насмевка таа го прашува дали се шегува, а тој одговара потврдно.
Биберови во брак се од 2018 година, кога се венчаа, а по една година решија да ги обноват брачните завети пред семејството и блиските пријатели. Двојката се запозна во 2009 година, преку таткото на девојката, актерот Стивен Болдвин, од кого Џастин ја побара раката на Хејли кога реши да се ожени со неа. Контроверзниот пејач својата љубов кон Хајли често ја покажува со јавни љубовни изјави, што направи и по венчавката, објавувајќи фотографија од венчавката со текст „Се радувам за нашето „засекогаш“ “.

 

https://www.instagram.com/p/B3GZbc8D7is/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again

Слични содржини