Џеј Ло и Шакира пред настапот на Супербол

За три дена ќе имаме прилика да го видиме настапот на Шакира и Џеј Ло на полувремето на американскиот Супербол, а по тој повод пејачите одржаа прес конференција.

Шакира, која ретко се појавува на црвениот тепих и која во јавноста најчесто се појавува само за своите настапи, воодушеви многумина со својот опуштен и природен изглед. Пејачката носела минимална количина на шминка, а за аутфитот одбрала фармерки, мачка со кратки ракави со принт и бели чизми со висока потпетица.

Сепак, иако многумина беа воодушевени со младоликиот изглед на Шакира, Џеј Ло, како и вообичаено, се одлучила за екстравагантен аутфит па со белиот комплет ги истакна стомачните мускули и успеа да ја засени својата колешка.

Џеј Ло својот гламурозен аутфит го потполнила со бели потпетци и дијаманти, а за разлика од Шакира, одбрала цел мејк-ап со каков и најчесто ја гледаме во јавноста.

Слични содржини