Џеј Ло воодушеви со видео од зад сцената на Версаче ревијата: Ова е легендарно

Еден од најголемите модни моменти во 2019 година, секако беше затворањето на ревијата на модната куќа Версаче во септември, кога Џенифер Лопез прошета по пистата во легендарниот зелен фустан со кој го прослави на доделувањата на Греми наградите во 2000 година.

Скоро 20 години откако во тој фустан го поттикна поткренувањето на претрагата на фотографии на Гугл, повторно истиот фустан го сруши интернетот, а сега на Својот Инстаграм, Лопез, покажа како изледал моментот пред излегувањето на пистата.

View this post on Instagram

You’re welcome. @jlo @versace

A post shared by Laura Brown (@laurabrown99) on

„Потсетник на еден од најубавите моменти пред ревијата Версаче“, напишала во описот на видеото.

„Ова е легендарно!“, „Отсекогаш си била и ќе бидеш кралица“, биле само дел од воодушевувачките коментари.

Слични содржини