Џек Ма за првпат во јавноста по 3 месеци (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот човек на Алибаба, Џек Ма, се појави во јавноста за прв пат по 3 месеци, кога нагло се повлече по критиките од кинеските власти за покренување истрага против неговата компанија.

Неговото исчезнување од јавната сцена предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа, особено во време кога вредноста на неговата компанија започна да опаѓа.

Сепак, по три месеци, милијардерот се состана со 100 рурални наставници од Кина, а состанокот се одржа преку видео врска, пишуваат локалните медиуми.

Ма им се обрати на наставниците во име на неговата хуманитарна фондација. Овој состанок се одржува секоја година во кинеско одморалиште, но оваа година беше преместен на Интернет поради состојбата со пандемијата.

– Кога ќе помине пандемијата, мора да најдеме време да го надополниме изгубеното време и да се сретнеме повторно во живо – им рече на насобраните.

На ова видео, тој носеше син џемпер и и се обраќаше на камерата директно од просторија со сиви мермерни sидови, па не беше јасно од каде точно доаѓа.

Пекинг започна контроли врз компаниите на Ма, откако тој одржа контроверзен говор во Шангај на 24 октомври, во кој го критикуваше кинескиот регулаторен систем, кој ја задушува иновативноста и ги спореди глобалните банкарски правила со „клуб за пензионери“.

Нешто повеќе од една недела подоцна, првата јавна понуда на неговата компанија „Ант Груп“ беше суспендирана со рекордни 37 милијарди американски долари, кои веќе имаа одобрение од кинеското тело за надзор на хартии од вредност, а кинеските власти започнаа антимонополска истрага против Алибаба кон крајот на декември и побара од „Ант Груп“ да го преструктуира својот бизнис.

Оттогаш, до сега, тој не се појавуваше во јавноста или беше активен на социјалните мрежи.

Тој беше 17-тиот најбогат човек на светот минатата година, со проценета вредност на активата од 58 милијарди американски долари.

loading...

Слични содржини