Џенифер Анистон го објави еден од најсмешните моменти од сетот на „Пријатели“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Џенифер Анистон е сè уште под импресии, а на својот Инстаграм профил објавува фотографии од сетот на специјалната епизода „Friends: The Reunion“.

Актерката во понеделникот објави неколку фотографии зад сцената од собир на пријателите.

Можеби најсмешна од сите беше реакцијата на поранешниот колега Дејвид Швимер на средбата со Џастин и Хејли Бибер, кои се појавија за време на специјалната епизода.

„Кога ќе се судрат два сосема различни света – лицето на Швимер кажува сè“, напиша Анистон.

Слични содржини