Џенифер Анистон ќе стане мајка

од Stefanija Kuzmanovska

Светски познатата актерка Џенифер Анистон го доживеа врвот на славата во серијата „Пријатели“, толкувајќи го култниот лик Рејчел Грин. По долга пауза, тимот повторно се обедини и ќе сними специјална епизода, а обожавателите едвај чекаат да ги видат повторно на малите екрани. Покрај тоа, според магазинот Closer, актерката ги израдувала своите колеги на сетот со веста дека ќе стане мајка.

По два развода, Анистон одлучи да посвои девојче кое го запознала во сиропиталиштето „Каса Хогар Сион“ во Мексико.

Имено, актерката многу години финансиски му помагаше на сиропиталиштето и одлучи да го посвои девојчето. Финализирањето на посвојувањето се очекува во јуни годинава.

„Џен беше убедена дека собирањето со колегите е вистинското време да се објави веста дека ќе стане мајка. Женскиот дел од актерската екипа знаеше, но таа сакаше да ги изненади момците на снимањето“, навел извор.

„Сите беа пресреќни кога им ја соопшти веста и ѝ дадоа неколку родителски совети, за кои таа рече дека со задоволство ќе ги прифати“, додаде изворот.

Слични содржини