Џенифер Лопез на 50 години конечно го постигна она што го сака

од desk4

Сè што има денес, сиот успех кој го има постигнато, Џенифер Лопез може да си заблагодари исклучиво себеси, односно својата упорност. На исполнување на својот сон, кое не дошло преку ноќ, работела напорно од најраното детство, а сега со полни 50 гоини може да каже дека го исполнила сето она што го сакала. Денес има сè – успех, изглед, љубовта на својот живот, но и она најважното- две прекрасни деца, близнците Ема и Макс, кои се центар на нејзиниот свет.

 


Џенифер е родена 24 јули 1969 година во Бронкс, како второ дете во бракот на Гвадлупе Родригез и Давид Лопез. Татко ѝ бил сметководител, а мајка ѝ воспитувачка во градинка, додека нејзини сестри се постарата Лесли (денес домаќинка) и Линда (оперска пејачка и диџејка).

Трите растеле во мало станче и мајка им постојано ги поттикнувала да се забавуваат меѓусебно пеејќи и танцувајќи. На пет години родителите ја однесле на часови за танц и пеење, а потоа следните осум години ги поминала во католичко училиште за девојчиња. Пред да матурира добила понуда да глуми во нискобуџетен филм „Мојата малечка дама“. По завршување на средното училиште запишала факултет, но се откажала, бидејќи сакала да го следи својот сон, а тоа не го одобрувале родителите. Поради тоа се скарала со нив и на 18 години ја избркале од дома, по што таа се преселила на Менхетн. Во почетокот работела во една адвокатска фирма, а навечер танцувала во клубови. Во 1990 година ја добива првата улога во комедијата „Во живи бои“ , а потоа две години е танчерка во пратечката група на Џенет Џексон и се појавува во нејзиното видео „That’the Way Love Goes“. Тогаш почнуваат да ѝ се отвораат вратите во светот на шоу бизнисот и да добива нови ангажмани.

На снимањето за филмот „Селена“ кој ѝ донесе номинација за „златен глобус“ се запознава со првиот сопруг Оџани Ноа, келнер во ресторан во Мајами. Тие се венчаат 1997 година, а се разведуваат следната 1998 година. Иако разводот беше пријателски подоцна им се влошија односите, кога Џенифер го тужеше за да го спречи да ја издаде книгата во која имаше напишано детали од нивниот заеднички живот и бракот.
На снимањето за албумот @On the 6“ кој ќе ѝ донесе и номинации за „греми“ Џенифер го запознава продуцентот Шон Комбс, познат како Паф Деди. Нивната бурна две годишна врска заврши откако учествуваа во еден вооружен инцидент во њујоршки клуб во 1999 година.
Додека го снимаше спотот за „Love Don’t Cost a Thing“ се вљуби во танчерот Крис Џад и набрзо се венчаа, а уште побрзо се разделија.

Во 2003 година кога и официјално се разведе од него, тааа веќе беше во прегратките на Бен Афлек, со кој се запозна на снимањето за филмот „Џиџи“. Свршувачката која сите очекуваа да финишира со брак, Џенифер ја раскина ненадејно и најави дека сака да се сконцентрира на кариерата, но набрзо дојде нов брак. Јавноста се изненади кога дозна дека латино дивата во тајност 2004 година се венчаше со латино ѕвездата Марк Ентони со кој во 2007 година ги добија близнаците Ема и Макс. Но бракот не издржа и во 2014 година секој трна по свој пат.
После врската со уште еден танчер, Каспер Смарт, во 2017 година Џенифер се запозна со поранешната фудбалска ѕвезда Алекс Родригез, со кого во март годинава ја објавија свршувачката.
И ако сè оди по планот, оваа година Џенифер се надева дека за улогата во „Измамнички“ ќе биде номинирана за „оскар“. А за тоа колкаво е нејзиното влијание, зборува и податокот дека списането „Форбс“ ја прогласи за највлијателна славна личност и најмоќна жена во светот.

Слични содржини