Џенифер Лопез откри како Бен Афлек ја запросил

од Vladimir Zorba

Џенифер Лопез им раскажува на обожавателите за романтичниот предлог кој и го дал нејзиниот вереник Бен Афлек. Сепак, според нејзините зборови, дефинитивно не било „нешто фантастично“.

Во петокот вечерта, 52-годишната пејачка и актерка откри дека таа и 49-годишниот Афлек се вериле, 18 години откако ја откажаа претходната свршувачка во јануари 2004 година. Во новото издание на „On the JLo“, Греми победничката детално опишала како нејзиниот партнер го поставил големото прашање и раскажала за нивната „втора шанса за вистинска љубов“.

„Дали некогаш сте замислиле дека вашиот најголем сон може да се оствари? почнува таа.

„Во саботата навечер додека бев на моето омилено место на земјата (во када), мојата прекрасна љубов ми предложи брак. Бев целосно неподготвена и само го гледав во очи, насмевнувајќи се и плачев во исто време, давајќи се од себе да се вразумам, дека после 20 години ова се повторува, буквално немав зборови и тој рече: „Дали е ова „да“? „Реков „ДА“, секако дека е „ДА“.

Таа продолжи: „Се насмевнував толку широко и солзи ми течеа по лицето, се чувствував толку среќна. Ништо не беше софистицирано, но тоа беше најромантичното нешто што можев да го замислам… само тивка саботна вечер дома, двајца луѓе кои ветуваат дека ќе бидат секогаш еден до друг. Двајца многу среќни луѓе. Кои добија втора шанса за вистинска љубов“, заклучи Лопез.

Ѕвездата го споменува и нејзиниот веренички прстен со зелен дијамант, пишувајќи:

„Зелената отсекогаш била мојата среќна боја и сега сигурно секогаш ќе биде“.

Слични содржини