Џонсон: Две дози на вакцина се услов за влез во ноќните клубови

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе ги постави доказите за вакцинација со две дози како услов за влез во ноќните клубови и други места каде што се собира голем број луѓе од крајот на септември.

„Можам да кажам дека до крајот на септември, кога сите над 18 години ќе имаат можност да добијат втора доза на вакцина, планираме да условуваме влез во ноќни клубови и други места каде што се собираат голем број луѓе со целосна вакцинација“, изјави синоќа Џонсон.

Доказ за негативен тест повеќе нема да биде доволен, посочи тој.

Слични содржини