Џонсон: Нема да носиме возачи на цистерни од странство

од Nikola Popovski

Британскиот премиер Борис Џnонсон во неделата рече дека нема да се врати на „неконтролираната имиграција“ во решавањето на кризата со недостиг на гориво и гас, велејќи дека гласачите му дале доверба да го прекине моделот со ниски плати за работни места со ниски квалификации.

На почетокот на конференцијата на Конзервативната партија, Џонсон повторно ја бранеше својата влада од обвинувањата дека не можат да набават бензин за своите автомобили, дилерите предупредуваат за можен недостиг за Божиќ и гасните компании кои се борат со големиот скок во цените на големо.

„Патот напред за нашата земја не е неконтролирана имиграција и овозможување огромен број луѓе да работат. Значи, она што нема да го направам е да се вратам на стариот неуспешен модел на ниски плати и неквалификувани работни места, поддржани од неконтролирана имиграција“, рече тој за Би -Би -Си.

Ова следи откако Албанија соопшти дека илјадници нивни мигранти во Британија се подготвени да работат бесплатно со цел да ѝ помогнат на земјата да излезе од кризата предизвикана од недостаток на гориво.

„Ако вашата влада го сака тоа, можеме да ви понудиме добри, сигурни возачи, 5.000 од нив, и тоа веднаш“, рече албанскиот амбасадор во Британија, Чирјако Чирко за „Гардијан“.

Чирко тврди дека 150.000 Албанци кои живеат во Британија тоа би го направиле во знак на благодарност кон Британците. Гардијан наведува дека, бидејќи голем број од нив се во земјата без документ, не е можно да се утврди колку квалификувани возачи на камиони има меѓу нив.

Слични содржини