Џордан откри што мисли за вакцинацијата на целата НБА лига

од Vladimir Zorba

Легендарниот американски кошаркар и повеќекратен шампион во НБА лигата со Чикаго Булс, Мајкл Џордан, конечно го даде своето мислење за вакцинацијата во НБА лигата против коронавирус, како и за самиот вирус и пандемија.

Деновиве многу се зборува за отфрлање на вакцината за Кајри Ирвинг, а сега Џордан повеќе не ја крие својата позиција на оваа тема.

– Не сум загрижен за протоколите на лигата, целосно се согласувам со НБА лигата. Сите зборуваат за вакцинација. Знаете, јас верувам во науката, ќе се држам до неа и се надевам дека сите ќе ги следат правилата што ги дава лигата. Кога сите ќе се приклучат, се ќе биде добро, рече Џордан.

Слични содржини