Дибала му донесе победа на Јувентус над Милан (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Со голот на Пауло Дибала постигнат во 77.минута, актуелниот италијански шампион Јувентус синоќа на свој терен го совлада Милан. Триумфот (1:0) значеше нови три бода за Јувентус со кои повторно се искачи на врвот на табелата во Серија А.

По 12 кола „Старата дама“ има 32 бода, еден повеќе од второпласираниот Интер. Следуваат Лацио и Каљари со по 24 бода.

Милан го запиша седмиот пораз и со 13 бода се наоѓа во долниот дел на табелата.

 

Слични содржини