Димитриевски доби многу гласови во првиот круг од активисти на ВМРО-ДПМНЕ, вели Илиевски

од Nikola Popovski

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски обвини дека активисти на ВМРО-ДПМНЕ јавно се фалат на социјалните мрежи дека веќе гласале за Максим Димитриевски во првиот круг.

-Се гледа бројката на гласови. Самиот Тони Михајловски има објавено. Не може од ова да се бега, вели Илиевски во емисијата „24 анализа“.

Тој ги повика сите граѓаните на градот да гласаат за него, затоа што „нуди остварливи проекти, кои ќе се финансираат од општинскиот буџет и од централната власт“.

-Куманово да ни заличи на еден модерен, урбан, зелен и европски град, на кој сите ќе се гордееме, потенцира Илиевски.

Слични содржини