Димитриевски: Ќе победам на следните избори во Куманово, граѓаните ја познаваат мојата работа

од Nikola Popovski

„Ова се внатрепартиски постапки, длабоко сум разочаран од демократските капацитетит на локалното раководство на организацијата на СДСМ. Не само што немаат сенс, туку се оневозможи правото на дискусија на многу од делегатите и јас се солидализирам со нив“, изјави градоначалникот на Куманово и член на СДСМ, Максим Димитриевски за неговата елиминација од кандидатурата за нов член на Централниот одбор на партијата.

Тој во изјава за „Утрински брифинг“ потенцира дека ќе покрене постапка до надлежниот одбор.

„Иако излегов со конкретни предлози за да се надминат проблемите, повеќе од јасно е дека се работи за елиминација на одредени кадри, што се составен дел од тие игри и внатрепартиски борби. СДСМ не е акционерско друштво, таа припаѓа на сите членови почнувајќи од првите што ја основал до последниот член кој денес се зачленил“, дополнува Димитриевски.

Градоначалникот останува на тоа дека неговата политичка амбиција е да остане на сегашната функција и да им служи на кумановчани.

„Планирам да победам на следните локални избори, граѓаните ја познаваат мојата работа и повеќе од сигурен сум дека ќе ја добијам поддршка на мојата партија“, вели Димитриевски.

 

Слични содржини