Димитриевски запрен од полиција: Со ротации ме спроведуваат на наводен технички преглед

од Берта Китинска

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски на Фејсбук објави видео во живо на кое пренесува состојба во која се нашол на една од прометните улици во градот, односно на Ленинова.

Поради вршење на технички преглед со ротации возилото во кое се превезува актуелниот градоначалник на Куманово се спроведува на технички преглед иако како што вели тој, возилото е ново.

-Со ротации ми ги одземаа документите и не спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново, со уредно полномошно за управување, согласно сите законски нормативи и прописи. Сепак, на овој начин јас лично се онеспособувам да ја работам мојата работа како градоначалник и кандидат во рамки на изборната кампања, кажа Димитриевски во видеото кое го објави на Фејсбук.

Слични содржини