Димитров, Битиќи и Маричиќ денеска се вакцинираа против Ковид19

од Andreja Salpe

Вицепремиерите на Владата на Република Северна Македонија, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се вакцинираа против Ковид19  во спортскиот центар Борис Трајковски.

Во изјава за медиумите тие испратија апел до граѓаните да се пријават за вакцинирање, бидејќи единствениот начин да се победи оваа пандемија е вакцинирањето.

Би упатил порака до сите граѓани, да се пријават за вакцинација, ова е задача за сите нас, само на овој начин би можеле час поскоро да ја победиме пандемиајта. Се вакцинираме со истата вакцина, како и останатите граѓани што се вакцинираат денеска. Ставот на Владата е тој, со која вакцина ќе дојде ред да се вакцинираме, со таа ќе го сториме тоа. Не сме на ниту еден начин поинаку третирани, изјави Маричиќ

Димитров истакна дека е важно луѓето да видат, дека како и сите други граѓани, така и функционерите од Владата поминуваат низ овој процес.

– Важно ние што сме дел од Владата да се вакцинираме јавно, така испраќаме една важна порака до граѓаните, изјави Димитров

– Јас имам една поинаква приказна, пред неполни 6 месеци на 200 метри од овде лежев повеќе од 11 дена на работ на мојата егзистенција. Поради белите манитили, односно здравствените работници, денеска имав можност да го направам тоа што секој еден граѓанин треба да го направи, а тоа е да се вакцинира, истакна Битиќи.

Слични содржини