Димитров: Само тој што не весла има време да го ниша чамецот!

од desk3

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по денешната одлука за старт на преговорите со Северна Македонија да одат на самит на ЕУ, на својот фејсбук-профил го цитираше големиот Сартр.

“Само тој што не весла има време да го ниша чамецот.” Жан-Пол Сартр, напиша министерот.

Имено, советот на министри за општи работи на ЕУ заврши без заклучок за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија, па одлуката се префрла кај шефовите на држави или влади кои ќе се сретнат во четврток и петок во Брисел.

Слични содржини