Димковски: За 2 месеци исплативме над 60 милиони евра кон 78.000 земјоделци

од Vladimir Zorba

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска е со граѓаните на Југоисточниот регион.

Во општина Конче беше претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ Трајан Димковски, заедно со Мухамед Точи.

Димковски пред присутните истакна дека СДСМ преку своите мерки и политики инвестира во земјоделството, како една од најважните гранки на македонската економија и постојано и неселективно ги помага домашни земјоделците.

– За само два месеци исплативме над 60 милиони евра кон 78.000 земјоделци. Во тек е реализација на многу нови мерки, јавни повици, за прв пат обезбедивме платено породилно за жените земјоделки, обезбедивме стипендии за студентите. Лидери сме во регионот по искористеност на ИПАРД и затоа ќе ни бидат доделени нови 98 милиони евра, неповратни средства од ИПАРД 3 Програмата за нови инвестиции, посочи Димковски.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ во Дојран беа Пеце Мирчевски и Вангелија Велева, додека меѓу граѓаните на Богданци беше Маја Манолева.

Слични содржини