Директорот на Сити: Лигата на шампионите се освојува на среќа, Реал е пример

од Vladimir Zorba

Директорот на Манчестер Сити, Феран Сориано изјави дека освојувањето на Лигата на шампионите не е главната цел на овој клуб, туку Премиер лигата.

Сориано објасни и зошто Лигата на шампионите не е приоритет за „граѓаните“.

„Не можете да сметате на Лигата на шампионите како главна цел, бидејќи среќата игра голема улога. Може да одиграте лош натпревар или два и да го завршите натпреварувањето. Тоа не е случај со Премиер лигата. Тука на крајот победува најдобриот. Затоа секогаш велиме: „Премиер лигата е нашиот леб и путер. Таму заработуваме“, изјави Сориано.

Секако, тоа не значи дека Сити повторно нема да се обиде конечно да ја освои европската титула.

„ЛШ е дополнителен трофеј што сакаме да го земеме, но знаеме дека може да зависи од малку среќа, па не се оптоваруваме. Сега сите зборуваат за успехот на Реал Мадрид, но би било фер да се каже дека имаа среќа. Можеби заслужија да загубат од ПСЖ, Челси, нас и Ливерпул“, изјави Сориано за англиските медиуми.

Откако Манчестер Сити беше преземен од инвестициска група од Обединетите Арапски Емирати во 2008 година, клубот освои дури шест титули во англиската лига, два ФА купа и еднаш стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Слични содржини