Џамала откако Русија распиша потерница по неа: „Стравувам за безбедноста на моето семејство“

од Stefanija Kuzmanovska

Русија распиша потерница за украинската пејачка Сузана Џамаладинова, попозната како Џамала, која победи на Евровизија во 2016 година.

Како што објави „Сан“, таа наводно била обвинета за ширење „лажни“ информации за руската армија и борбите во Украина.

Пејачката сега се огласи во врска со овие наводи.

„Бев вознемирена само поради моето семејство. Не се грижам многу за себе бидејќи настапот е мојот начин да го користам гласот за да ѝ помогнам на мојата земја и да ја кажам вистината“, изјавила пејачката и додала дека стравува за безбедноста на своите деца.

Инаку, таа е со татарско потекло, од Крим и победи на Евровизија пеејќи ја песната „1944“, а таа година Советскиот Сојуз масовно ги депортираше кримските Татари.

Две години пред нејзината победа, Русија го анектира Крим, што се смета за нелегално во повеќето земји во светот.

Русија тогаш протестираше што песната на пејачката била дозволена на натпреварот.

Слични содржини