Џејми Фокс обвинет за сексуален напад

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Џејми Фокс се соочува со тужба за сексуален напад.

Тужбата беше поднесена во Врховниот суд на државата Њујорк во понеделникот.

Наводниот инцидент се случил во 2015 година во популарниот њујоршки ресторан Catch NYC, пренесе Си-Ен-Ен.

Анонимно лице тврди во тужбата дека Фокс „намерно и без согласност употребил сила за навредливо да ја допира“, вклучително и пипкање по градите и гениталиите. Во обвинението се наведува дека Џејми се појавил „во алкохолизирана состојба“ во моментот на инцидентот.

Како резултат на тоа, во жалбата се наведува дека жената претрпела и продолжува да трпи „физичка и емоционална повреда, вознемиреност, срам и економска штета“ и бара неодреден износ.

Таа поднела тужба и против ресторанот.

Слични содржини