Џенифер Лопез блесна на црвениот тепих во необичен фустан (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот пар Џенифер Лопез и Бен Афлек уште еднаш успеаја да привлечат големо внимание.

Имено, тие се појавија на црвениот тепих, а стајлингот на Лопез не можеше да помине незабележан.

Веќе е познато дека таа редовно привлекува внимание со своите модни избори и дека за нив долго се зборува, а така беше и сега.

Џенифер носеше долг фустан со необичен крој кој изгледаше како да се два различни тоалети.

Горниот дел изгледаше како црн тесен комбинезон со длабоко деколте, додека долниот дел беше како широк фустан во боја на кожа.

Двојката изгледаше блескаво на настанот, а Бен, како и секогаш, се одлучи за класичен елегантен костум.

Слични содржини