Џенифер Лопез и Бен Афлек ја прославуваат првата годишнина од бракот, се огласи пејачката (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Иако со месеци се шпекулираше дека меѓу нив не е се во најдобар ред, Џеј Ло застана на патот на овие приказни.

Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек денеска ја слават својата прва годишнина од бракот, а по повод овој среќен настан таа сподели две фотографии од венчавката и испрати емотивни зборови до својот сопруг.

„Драг Бен, седам овде сама и гледам во мојот прстен. Преплавена со емоции, сакам да пеам. Како стигнавме овде, без премотување. Ова е живот“, напиша Џенифер.

Да потсетиме, тие беа заедно на почетокот на 2000-тите, па дури и се верија, но сепак одлучија да раскинат непосредно пред свадбата.

Како што објаснија, таа одлука ја донеле затоа што не можеле да се носат со толкавото внимание на јавноста и фактот дека луѓето се заинтересирани за секој нивни потег, па секој тргнал по својот пат.

Меѓутоа, љубовта била посилна, па после 17 години ја обновија романсата, а потоа и се венчаа.

Слични содржини