Додик: Нема да ги прифатиме повторените избори, тоа е рушење на Република Српска

од Vladimir Zorba

СНСД нема да прифати повторени избори. Ова е рушење на Република Српска, изјави лидерот на СНСД, Милорад Додик.

На прес-конференцијата по седницата на Извршниот комитет на СНСД, Додик рече дека општите избори биле легитимни и легални и дека се што се случува сега е манипулација која преку незаконски одлуки треба да произведе одредена поинаква држава.

Тој тврди дека има очигледна поврзаност меѓу членови на ЦИК и претставници на опозицијата.

„Република Српска мора да разбере дека ова е последната точка во борбата за нејзината стабилност“, рече Додик, пренесува РТРС.

Слични содржини