Документарецот за Џенифер Лопез наскоро во кината, еве што ќе биде опфатено во него

од Stefanija Kuzmanovska

Документарецот на Нетфликс за Џенифер Лопез, наречен Halftime, официјално пристигнува на 14 јуни, а еве што не очекува.

За овој документарец многу се зборуваше последниве денови, особено откако излезе официјалниот трејлер. Во текот на целиот филм најголем фокус ќе биде ставен на кариерата и приватниот живот на познатата пејачка.

Ова е всушност интимна приказна за една голема ѕвезда во која таа сосема искрено зборува за сите притисоци кои ги трпела низ годините и кои доаѓаат со животот под рефлекторите. Инспиративна приказна за глобална суперѕвезда која продаде повеќе од 80 милиони албуми и воодушеви 103 милиони гледачи на Супер Боул.

Воопшто не се сомневаме дека овој документарен филм ќе предизвика голем интерес, а со тоа и гледаност. Додека го чекаме 14 јуни, погледнете го официјалниот трејлер и погледнете го краткото резиме на целиот филм.

Слични содржини