ДОЛГОТ НА БАРСЕЛОНА Е НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА: Клубот на работ на бездна…

од Stefanija Kuzmanovska

Барселона ова лето го достигна дното откако не можеше да го задржи најдобриот фудбалер на планетата за дури 50% помалку отколку што имаше порано, па Лео Меси во солзи го напушти „Ноу Камп“.

Годините на катастрофално работење во Барселона, со пандемијата на коронавирусот и промената на правилата во Ла Лига во врска со финансискиот фер-плеј, го чинеа жестоко славниот каталонски клуб. Колку чини? Не само што останаа без Меси, кој замина како слободен агент, туку тие се „задолжени како Грчка“.

Првиот човек на клупата, Жоан Лапорта, одржа вонредна прес-конференција на која објави дека Барселона во моментов должи 1.350.000.000 евра, што е навистина неверојатно големи пари.

„Финансиската ситуација е драматична“, рече Лапорта додека зборуваше за долгот на Барселона која надминува една милијарда, додавајќи дека долгот е зголемен за дури 200 милиони евра од јануари, што е делумно објаснување зошто клубот бил толку подготвен да заигра за веќе заборавената Суперлига на богатите.

Лапорта исто така објасни дека клубот троши 103% од профитот за плати на вработените, што е за 20-25% повеќе од нивните други конкуренти.

Значи, Барселона дава се што заработува на плати, и тоа не е доволно, па затоа не е чудно што се обидоа да го „намалат“ буџетот летово. Меѓутоа, ретко се случува фудбалерите да се согласат на намалување на платата, додека некои, како Пјаниќ или Кутињо, не сакаа да го раскинат договорот.

Навистина станува загрижувачки како Барселона ќе се извлече од ова …

Слични содржини