„Доста ми е од локдаунот“: Словенец сакал да влезе во Парламентот со моторна пила

од Nikola Popovski

Еден човек вчера се обидел со моторна пила да влезе во зградата на Парламентот на Словенија, извикувајќи „Доста ми е од локдаунот“, но припадниците на безбедносната служба го запреле на главниот влез.

Никој не бил повреден во овој инцидент, ниту настанот влијаел врз работата на парламентот, кој бил во процес на дискутирање за разрешување на спикерот Игор Зорчиќ, објави СТА.

Полицијата потврдила дека биле повикани поради овој случај околу 19 часот, и дека лицето било уапсено.

Слични содржини