Дождот не ја спречи: Цеца накисна, но отпеа пред 20.000 луѓе (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ уште еднаш докажа зошто многумина ја сметаат за број еден на Балканот.

Имено, таа одржала концерт во Љубљана пред 20 000 луѓе. Кога излегла на сцената, ја дочекале громогласни аплаузи, а во еден момент за време на нејзиниот настап започнало да паѓа силен дожд.

Сепак, ниту тоа не ја спречило да пее за својата публика. Врнеше, а пејачката, како вистински професионалец, сè уште пеела и не се грижела што останала мокра до кожа, исто како и публиката.

Сите ги пееле нејзините хитови на глас, а најмногу ја воодушевила публиката кога ја отпеала својата песна „Ја чу прва“. Тогаш таа седнала на сцената и продолжила со изведбата, воопшто негрижејќи се за големото количество дожд што наврнало.

Нејзиното момче Богдан било воодушевено од нејзиниот настап, а на своето Инстаграм стори напишал:

– Браво љубов – објавил Богдан, со фотографија на неговата избраничка Цеца.

Слични содржини