Др. Хасани: Свадбите на затворено треба да организираат со лимитиран капацитет

од Берта Китинска

Заменик-министерот за здравство доктор Илир Хасани во Утрински брифинг објасни дека подобро е да се дозволи организирање на свадби во затворените ресторани со лимитиран број на гости отколку луѓето да се собираат неконтролирно по некои ќошиња.

-Реални да бидем во Скопје имаше пред некој ден тројца заразен и еден во Биотла од 2 500 тестирања. Идејата е да се отворат и рестораните кои се затворени, но се лимитиран капацитет.Сите ресторани имаат вентилација.За нас свадбата  е собир за еден повод. Сакам да кажа дека групирања има секој ден неконтролирано по ќошињата. Секое затегнување би довело до непријатности бидејќи луѓето ќе се собираат во куќи, подобро е нешто да се конторлира отколку да се остави на милост или немилост, вели Хасани.

Слични содржини