Др.Пановски: На толку грешки, тешко дека ќе успее кампањата за вакцинирање против ковид

од Берта Китинска

Уште во декември кога се појави омикрон се знаеше дека предизвикува полесни сиптоми особено кај луѓето кадешто најмногу имаат прележано како нашата држава.За разлика од Австралија која се држеше под санкции додека не ги ослободи сите мерки, па бројот на заболени порасна, вели микробиологот Никола Пановски во „Жешко политичко лето“.

Тој вели дека во овие моменти тешко ќе може да се убедат луѓето да се вакцинираат.

-На толку грешки што се направија тешко дека ќе успее кампањата за вакцинирање, воведувате сертификат и слепо како Европа што направи и ние тоа го правевме, тоа беше срам за цивилизацијата, кажа Пановски.

Докторот смета дека треба да се имунизираат хронично болните и повозрасните лица.

Слични содржини