Драма на траект во Индонезија: Неколку патници скокнале во море од страв дека членови на екипажот се заразени со коронавирус (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Неколку патници на индонезиски траект скокнале во море и отпливале до брегот, откако властите се обиделе да го блокираат доаѓањето на бродот под сомнение дека неколку членови на екипажот биле заразени од коронавирус.

Фериботот останал блокиран при обидот да влезе во пристаништето Маумере на источниот остров Флорес поради стравувањата дека тројца членови на екипажот заразиле патници, пренесе Ројтерс. Сепак, неколку патници скокнале во морето и отпливале до брегот, не сакајќи да бидат изложени на заразата или во карантинот на бродот.

„Бараме патниците да соработуваат во согласност со здравствените протоколи пред да го напуштат бродот и да се воздржат од какво било дејство што може да биде штетно“, рече Висну Хандоко, службеник во Министерството за транспорт, непосредно пред неколку патници да скокнат во морето.

Фериботот превезувал 255 патници, претежно работници кои се враќале дома од Малезија, откако соседна земја ги затвори своите граници поради коронавирус. Сепак, на траектот на крајот му било дозволено да влезе во пристаништето, а патниците биле ставени во карантин на копно.

Индонезија досега има регистрирано 2.956 случаи на коронавирус и 240 смртни случаи, при што најголем број случаи се потврдени во главниот град Џакарта.

Слични содржини