Дрејк го покажа својот приватен авион

од desk4

Се повеќе и повеќе ѕвезди, кои имаат премногу ангажмани низ светот, купуваат приватни авиони за да патуваат поудобно и да не бидат вознемирени од љубопитните сопатници околу нив. Типичен пример за ова е Дрејк, кој неодамна го купил Боинг 767 и го средил по сопствен вкус.

Изведувачот објави видео како се качува на скалата до авионот, а работниците сѐ уште работат на неговото боење надвор.

Авионот сега се нарекува “Air Drake”, има 30 места за седење, удобни фотелји и огромен телевизор.

„Јас нема да го изнајмувам, тоа ќе биде само за лична употреба”, вели пејачот во видеото.

Според магазинот “Ервејс”, авионот чини речиси 185 милиони долари без луксузна опрема.

“Леле! Морам да почнам да работам повеќе. Честитки, мојот пријател “, напишал бизнисмен Мајкл Рубин под објавата на Дрејк.

Слични содржини