ДУИ: Ќе се консултираме со експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание

од Vladimir Zorba

Централниот изборен штаб на ДУИ денска преку соопштение посочи дека во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите процени и одлуки ќе ги преземе во согласност со препораките на експертите, кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје.

– Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормала и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина задолжително треба да се проследи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

ДУИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и да одржуваат лична хигиена.

Слични содржини