Дурант откри зошто ги напушти Вориорс (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кевин Дурант јавно откри зошто ги напушти Голден Стејт Вориорс во 2019 година и се пресели во Бруклин Нетс.

Вориорс беа еден од најдоминантните тимови во историјата на НБА лигата со Дурант, но тие го разочарале.

Тој одлучи да го напушти тимот по судирот со Дрејмонд Грин во средината на натпреварот во 2018 година, а сега ја откри точната причина во разговорот со него.

„Според мое мислење, лидерите на Вориорс грешеа“, рече Грин, а Дурант се согласи со него, „и јас го мислам истото“.

„Проблемот не беше конфликтот, туку како се однесуваа сите. Тренерот Стив Кер се преправаше дека ништо не се случило, а генералниот менаџер Боб Маерс се обиде да те дисциплинира, мислејќи дека ќе скрие се“, додаде Дурант.

Особено го изнервирало тоа што Вориорс нагласија дека се семејство.

„Но, ние не го покажавме тоа. Тоа е она што ме мачеше повеќе од било што друго“, вели крилниот напаѓач од Бруклин.

Грин го опиша својот разговор со водачите на тимот откако тимот се врати во Оукленд од Лос Анџелес, каде што тој и Дурант се судрија пред натпреварот со Клиперс.

„Единствените што можат да го поправат ова се јас и Дурант. И нема што да направите во врска со тоа. Само ќе го уништите“, им рекол Грин, „И според мое мислење, тие го уништија“.

Вориорс го суспендираа Грин на еден натпревар, но тој откри дека му се исмеал во лице на ГМ Маерс поради тоа.

Дурант ги напушти Вориорс во 2019 година и потпиша за Нетс, откако ја повреди Ахиловата тетива во финалната серија со Репторс, која „воините“ ја загубија со 4-2.

Слични содржини