Дури 127 играчи во Премиер лигата останаа без клуб

од Vladimir Zorba

Дури 127 фудбалери од англиската фудбалска елита се разбудија на први јули без клуб.

Тој број ќе беше уште поголем ако некои фудбалери, како Давид Силва, Педро, Вилијан и Адам Лалана, не ги потпишаа своите краткорочни договори до крајот на сезоната, која е продолжена заради пандемијата од коронавирус.

Други станаа слободни играчи на пазарот и можат да бараат ново опкружување без надомест.

Едно од најзвучните имиња на списокот на играчи без клуб, објавено од „Дејли меил“, е поранешниот голман на репрезентацијата на Англија, Џо Харт, чиј договор со Барнли е истечен.

Харт беше член на Манчестер Сити 12 години, а неговиот крај кај „граѓаните“ беше забрзан со доаѓањето на Пеп Гвардиола. Шпанецот пристигна на „Етихад“ во 2016 година и Харт прво беше испратен на позајмица во Торино, потоа Вест Хем, а од 2018 година е член на Барнли. Оваа сезона, тој направи само три настапи, сите три во Купот.

– Луѓето можеби мислат дека е време да се паничи, но јас со нетрпение го чекам следниот предизвик. Само треба некој што ќе верува во мене и јас ќе ја оправдам таа доверба, изјави Харт за Би-Би-Си, кој собра 75 настапи за Англија.

Дефанзивецот на новиот шампион на Ливерпул, Натаниел Клајн е исто така на списокот. Тој оваа сезона не направи ниту еден настап за „црвените“ и има големи проблеми со повредата.

Тој пристигна во Ливерпул во 2015 година од Саутемптон за 14 милиони евра, а минатата сезона ја мина на позајмица во Борнемут, но не успеа да го убеди Еди Хауи да потпише на долг рок.

Пабло Забалета во Вест Хем Јунајтед, Арон Ленон во Барнли, Рајан Фрејзер во Борнемут, Омар Ниасе во Евертон, Рос МекКормак во Астон Вила исто останаа без договор …

Слични содржини