Два часа пукал во мигранти во Италија, седум се повредени

од desk2

Еден маж почна да пука на група мигранти во градот Мачерата, во централна Италија, при што повреди седуммина.

Мажот завиткан во италијанско знаме пукаше во седум странци во Мачерата.

„Ранетите се странци“, соопшти полицијата, а еден маж е приведен по нападот.

Според локалниот весник Il Resto del Carlino, било пукано од црна Alfa Romeo, а сите седум жртви се имигранти со темна боја а кожата.

Според La Repubblica пукањето почнало во 11 часот по локално време, а продолжило во следните два часа, по што напаѓачот го оставил возилото надвор од градот.

Според локалниот весник, Il Resto del Carlino, објави фотографии од келав 28-годишен маж завиткан во италијанско знаме, по име Лука Траини, кого полицијата го уапси.

Според Ansa, тој направил фашистички поздрав кога го однела полицијата.
Според локалните медиуми нападот е поврзан со убиството на 18-годишна девојка чие тело е пронајдено во два куфери минатата недела, а полицијата уапси нигериец за убиството.

Слични содржини