Два хеликоптера ќе го гасат пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Еден македонски и еден црногорски хеликоптер попладнево ќе го гасат пожарот во Општина Сарај кај селата Раовиќ и Буковиќ иако веќе е локализиран во делот на селото Раовиќ.

-Дел од пожарот во село Раовиќ во Општина Сарај е локализиран, но на потегот село Буковиќ, село Чајлане кон Матка се уште е активен. Во попладневните часови на овој пожар ќе се интервенира и од воздух со 26 луѓе од Воздухопловниот винг со еден македонски армиски хеликоптер и еден хеликоптер на Република Црна Гора, информира Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на попладневната прес-конференција во ЦУК.

Слични содржини