Два пожари утринава се изгаснати на територија на општина Гази Баба.

Тројца работници се повредени утрово во пожар што избувнал во работилница во Трубарево, додека при интервенција на гаснење на оган на котел во подружница на Електростопанство во населбата Железара нема повредени.

Во пожар во работилница во Трубарево што се случи утрово во 9 часот, повредени се тројца раотници. Со брза помош тие веднаш биле пренесени во болницца.

Според пожарникарите, најверојатно огнот бил предизвикан од работа со компресор.

Утрово имало пожар и во ЕСМ Енергетика во населбата Железара каде е интервенирано на котел за парно. Никој не е повреден во овој пожар.

Командантот на Територијалната противпожарна единица Владимир Симоновски во изјава за МИА вели дека двата пожара се изгаснати. Во пожарот во работилницата интервенирале со две возила и осум пожарникари, а во пожарот со котелот со три возила и 10 пожарникари.

Слични содржини