Два земјотреса ја погодија Сицилија: Се чека извештај за повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Сицилија синоќа беше погодена од два умерени земјотреса.

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 00:17 часот на североистокот на Сицилија.

Во истото подрачје во 3 часот и 22 минути е регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Слични содржини